https://www.instagram.com/p/Cgtsrk-Mi57/

26.12.2023 Скопје

На состанокот на Бирото за координација на работата на безбедносните служби на Србија константирано е дека безбедносната состојба во Србија е стабилна, а државата нема да дозволи никакво насилно уривање на уставниот поредок, туку ќе обезбеди ред, а повикува на мир и решавање на сите проблеми преку институциите.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека државата ги поддржува сите надлежни органи за заштита на уставниот поредок и напорите за санкционирање на сите кои употребиле насилство и очекува Министерството за внатрешни работи и Обвинителството да постапат согласно законот.

„Константирано е дека безбедносната состојба е стабилна, без оглед на бројните предизвици кои се присутни деновиве и насилните активности, кои пред се се насочени кон насилно освојување на институциите и уривање на уставниот поредок“, истакна Дачиќ.

Исто така, Дачиќ додаде дека е заклучено дека сите елементи на безбедносниот ситем ќе продолжат да работат координирано за заштина на уставниот поредок.

„Насилните акти беа осудени најостро, беше речено дека нема политички протести, туку обид за насилно освојување и влез во институции како што е Собранието на град Белград. Тоа е обид за насилно уривање на уставниот поредок на Србија“, рече Дачиќ и нагласи дека сето тоа е кривично дело.

Дачиќ изјави дека едно е дали некој ќе ја освои власта на избори, а друго е дали тоа ќе го направи на улица, со насилно влегување во владините институции и додаде дека реакцијата на државните органи била многу воздржана.

Тој рече дека насилството било употребено од претставници на коалицијата која себеси се нарекува „Србија против насилството“.

Дачиќ рече дека е дадена целосна поддршка на сите државни органи кои учествувале во одбраната на уставниот поредок и дека е дадена јасна порака дека надлежните државни органи треба да го почитуваат законот, а сите виновници да бидат санкционирани на начин што го дефинира закон.

„Сите сме шокирани од бројните лаги кои се шират, а кои велат дека демонстрантите не употребиле насилство и дека се работи за некои вметнати елементи“, рече Дачиќ и додаде дека надлежните државни органи ќе обезбедат докази за тоа.

Тој оцени дека учесниците во насилството со тие лаги сакале да се амнестираат, дека тоа биле некои наводно вметнати елементи кои извршиле акти на насилство, но дека тоа се лаги, бидејќи видеата ја покажуваат вистината.

По повод објавувањето на новите жири тестови од страна на опозицијата, која не ги признава изборните резултати за градот Белград, Дачиќ повтори дека државата нема да дозволи насилство. Тој ги повика сите на мир и воздржаност и сите проблеми да се решаваат преку институциите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author