crna gora vlada

12.12.2023 Скопје

Пратениците во Парламентот на Црна Гора го усвоија Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, како и Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на Црна Гора.

Предлогот на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам беше усвоен синоќа со 64 гласа „ЗА“ и без гласови „ПРОТИВ“.

Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на Црна Гора беше усвоен со 63 гласа „ЗА“ и без гласови „ПРОТИВ“.

Андрија Мандиќ, претседателот на Собранието, истакна дека целта на законот е да се елиминираат воочените слабости во областа на спречување на перење пари и финансирање тероризам.

По 11 часа дискусија уследи гласањето.

Министерот за правда на Црна Гора, Андреј Миловиќ, нагласи дека предлогот за закон за измени на Кривичниот законик на Црна Гора добил одлични оценки од ЕК.

Подготвено од А.Ѓ.

 

About Author