gradezni rabotnici

11.12.2023 Скопје

Министерот за просторно планирање, урбанизам и државен имот на Црна Гора, Јанко Одовиќ истакна дека дигитализирањето на катастарот на недвижности конечно ќе стави крај на дивата градба.

Министерството за просторно планирање, урбанизам и државен имот соопшти дека Одовиќ се има сретнато со германскиот амбасадор Петер Фелтен.

Одовиќ го запознал Фелтен со плановите, особено ставајќи акцент на дигитализацијата на катастарот на недвижности.

„Со тоа ќе ја зголемиме ажурноста на податоците, намалувајќи ги административните процедури за менување и внесување податоци во тие регистри, правејќи ги лесно достапни за граѓаните и инвеститорите и за сите придобивки за граѓаните кои ќе бидат содржани во Закон за легализација на бесправно изградени објекти, кој конечно ќе стави точка на дивата градба“, рече Одовиќ.

Одовиќ наведе дека крајната цел на тие измени е можноста граѓаните и инвеститорите да добијат одобрение за градба во рок од 48 часа.

Како што рече Одовиќ, со овие инвестиции Црна Гора ќе стане атрактивна дестинација за сериозни инвеститори, поради зголемувањето на степенот на правна сигурност, како и веродостојноста на податоците содржани во јавните регистри.

„Тие активности во голема мера ќе придонесат и за транспарентност во делот на имотот на јавните функционери, што ќе даде голем придонес во борбата против корупцијата“, се наведува во соопштението.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author