crna gora vlada

15.12.2023 Скопје

Владата на Црна Гора на вчерашната седница ги продолжи санкциите кон Русија.

Владата соопшти дека одлуката е донесена со измена на Одлуката за воведување меѓународни рестриктивни мерки утврдени со одлуките на Советот на Европската унија, со оглед на постапките на Русија, кои, како што се наведува, „ја дестабилизираат ситуацијата во Украина“.

„Станува збор за ажурирање на меѓународните рестриктивни мерки, во рамки на континуирано усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија“, се вели во соопштението.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author