28.12.2023 Скопје
Според планот, Црна Гора до крајот на 2030 година треба да ја заврши изградбата на двата автопати и четири експресни патишта, најави премиерот Милојко Спајиќ.
На средбата со стопанствениците во Стопанската комора (ПКЦГ), тој рече дека во јануари ќе бидат објавени шест јавни тендери за подготовка на идејни решенија за сите преостанати делници од автопатот од Бар до Бољар, Јадранско-јонската магистрала и експресниот пат Бијело Поље – Пљевља – Сараево, Бар – Улцињ – Албанија, од обиколницата околу Будва – Луштица – Хрватска и Андријевица – Пеќ.
Тој рече дека капиталниот буџет ќе изнесува 900 милиони евра годишно и оти нема проблем Црна Гора да се задолжува за овие инвестиции.
„Немаме повеќе време за чекање. Потребен ни е забрзан развој. Со ова ќе се решат сите проблеми со патното сообраќајно поврзување на Црна Гора“, рече Спајиќ.
Подготвено од А.Ѓ.