15.12.2023 Скопје
Европската унија донесе одлука за почеток на преговорите за членство на Украина и Молдавија без едногласност, но со политичка волја, и сега се поставува прашањето дали и со Република Северна Македонија може да се постапи на истиот начин?
Кога станува збор за отворање на пристапните преговори за членство во Европската унија за Република Северна Македонија, оценките секогаш беа донесувани врз база на демократски, транспарентни и објективни критериуми, но кога стануваше збор за балкански шовинизам и рамнодушност на европските метрополи секогаш бевме негативно оценувани.
Најискрени честитки за Украина и Молдавија и брза интеграција во Европската Унија, кои се изборија и се уште се борат за својот идентитет, култура и државност.
Сценариото што ѝ се случува на Република Северна Македонија во врска со отворањето на пристапните преговори за членство во Европската Унија не би сакале да му се случи на никого, тоа сценарио стана ноќна мора за македонските граѓани без никаков крај.
„Република Северна Македонија ќе стане членка на Европската Унија, но нема да се заборават неправдите направени кон нас“, напиша Ивица Боцевски на социјалните мрежи.
Подготвено од М.Д.