https://www.flickr.com/photos/jmube/37930051676/in/photolist-fhNfw2-9qGATH-4Ha6Kn-8YWERx-h1LQK5-25Hmvzu-neuu1W-Qgfuzz-e4nVQv-f2exRz-bELySz-e6fJZq-9gam7X-ebWdC5-abH5nB-dWDuzM-22fjXxy-7GcXii-ERwACg-q4i4e-DmDCWd-7Vwehz-2BKTxC-5q5pDd-boLHx-7ioMdj-NzSEa8-HY3SzD-Cu1nLz-4NZr5q-8828KM-5Arsic-8ZriWJ-5WD89s-PFxBrN-9gdbxS-qogvSN-ZMKqUd-h8Jjqi-4VgzMS-NYv19-bUS53G-a2yGEC-8w6UG5-5CL9N-97a8Xq-fZCndE-cNQKw9-NtdwWP-4KFjZ4

14.12.2023 Скопје

Четворица министри во јапонската влада денеска поднесоа оставки поради скандалот со собирање средства во кој е вмешана најмоќната фракција на владејачката партија.

По веста дека повеќе од 500 милиони јапонски јени, односно 3,1 милиони евра исчезнале од партиските фондови во период од пет години, од 2019 до 2022 година, главниот секретар на кабинетот и главен владин портпарол Хироказу Мацуно, честопати се сметаше за десна рака на Кишида и лицето на неговата влада.

Оставки поднесоа и министерот за економија и индустрија Јасутоши Нишимура, министерот за внатрешни работи Јуњи Сузуки и министерот за земјоделство Ичиро Мијашита, а се очекува до крајот на денот да биде објавено кој ќе ги замени.

Освен тоа, оставки поднесоа и пет високи вицеминистри и еден парламентарен заменик министер од фракцијата на Абе.

По оставките, владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП) нема претставник на нејзината најголема и најмоќна фракција во кабинетот.

Обвинителството во Токио покрена истрага за корупција, објави Никеи.

Смената на министрите вмешани во политичкиот скандал за собирање средства за најголемата фракција во владејачката партија вчера најави Кишида, а јапонската агенција Кјодо, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори, објави дека Мацуна ќе биде сменета од поранешниот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши.

Рејтингот на одобрување на владата на јапонскиот премиер Кишида паѓа, бидејќи јавната поддршка за владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП), која е на власт речиси континуирано од 1955 година, падна под 30 отсто за прв пат од 2012 година.

Во средата, долниот дом на Јапонија го отфрли предлогот за недоверба на кабинетот на Кишида.

ЛДП треба да одржи лидерски избори следниот септември, додека општите избори се закажани за 2025 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author