sad amerika

23.12.2023 Скопје

Американското Биро за економски анализи – БЕА објави дека индексот на личната потрошувачка во Соединетите Американски Држави падна за 0,1 отсто во ноември во однос на октомври, што е прв месечен пад на цените од април 2020 година.

Годишната стапка на инфлација во САД во ноември падна на 2,6 отсто.

Основниот индекс на трошоците за лична потрошувачка падна на 3,2 отсто на годишна основа од октомвриските 3,4 отсто.

Промената од година во година во основниот индекс на трошоци за лична потрошувачка, познат и како основен PCE индекс, е клучен показател за инфлацијата за американската централна банка ФЕД.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author