04.12.2023 Скопје

Денеска светските цени на златото на светските берзи достигнаа ново историско највисоко ниво од 2.110,8 долари за унца.

Според аналитичарите, големиот интерес за златото се должи на геополитичката несигурност, послабиот долар, очекувањето дека американската централна банка наскоро ќе ги намали каматните стапки.

Аналитичарите очекуваат дека до крајот на 2024 година, цените би можеле да се искачат на ниво над 2.200 долари за унца поради високиот интерес на централните банки за купување на овој метал.

Според неодамнешното истражување на Светскиот совет за злато, 24% од сите централни банки имаат намера да ги зголемат своите златни резерви во следните 12 месеци бидејќи имаат помала доверба во американскиот долар како резервно средство.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *