20.12.2023 Скопје
Со грант од Република Кореја, Царинската управа ќе имплементира систем за унапредување на анализата на ризик и податочен склад во Царинската управа, како и сузбивање на организираниот криминал, со кој ќе се овозможи поефикасно работење со самото тоа и повеќе пари да се слеат во буџетот на Република Северна Македонија, кои потоа ќе бидат рапределени во инфраструктурни проекти, образование и во здравствениот систем.
Вештачката интелигенција која ќе користи база на податоци за селекција на сомнителни декларации, ќе ги зајакне царинските контроли и ќе овозможи подобро таргетирање на царинските декларации во кои постои ризик од малверзации со плаќање на помали давачки за стоки кои подлежат на повисока стапка на царина, како и неточно пријавување на потекло на одредена стока.
Царинската управа за овој проект добива грант од 4,8 милиони долари од Владата на Република Кореја, при што беше и потпишан меморандум за соработка.
Царинската управа како лидер во регионот, го доби овој грант по неколкумесечна анализа на работењето на управата, при што беше одлучено овој грант да го добие токму Царинската управа на Република Северна Македонија.
Подготвено од М.Д.