09.12.2023 Скопје
Бугарскиот парламент го отфрли претседателското вето за испраќање воена помош за Украина и ја потврди ратификацијата на договорот меѓу министерствата за одбрана на Бугарија и Украина за испраќање оклопни возила во Киев.
Дури 162 пратеници не го поддржаа претседателот, кој смета дека возилата се попотребни на бугарските граничари.
Против испораката на оклопни возила во Украина гласаа 55 пратеници.
Договорот предвидува трансфер на околу 100 оклопни транспортери со оружје што не го користи бугарското Министерство за внатрешни работи и резервни делови за нив.
Договорот беше потпишан во Софија на 8 август и во Киев на 13 ноември.
Претседателот Румен Радев стави вето на 4 декември.
Подготвено од А.Ѓ.