29.12.2023 Скопје
Романија и Бугарија постигнаа договор со Австрија за делумно пристапување во Шенген зоната во март 2024 година, во поморската и воздушната гранична зона.
„По 13 години Романија конечно ќе се приклучи на Шенген. Имаме политички договор за ова“, напиша Марсел Чолаку, романскиот премиер на Фејсбук.
Романското Министерство за внатрешни работи соопшти дека меѓу трите земји е склучен „политички договор“ за проширување на зоната „до романската и бугарската воздушна и поморска граница“ од март 2024 година.
Прашањето за отворање на копнените граници е одложено за разговори во следната година.
Австрија, која пред една година стави вето на влезот на двете земји во Шенген, на почетокот на декември ја претстави идејата за релаксирање на правилата за воздушниот сообраќај за Бугарија и Романија, доколку Брисел ги зајакне надворешните граници на ЕУ.
Подготвено од А.Ѓ.