07.12.2023 Скопје
Британскиот министер за имиграција Роберт Џенрик поднесе оставка.
Одлуката беше објавена откако владата објави предлог-закон со кој барателите на азил ќе можат да бидат испратени во Руанда во една насока, изјави министерот за внатрешни работи Џејмс Клеверли.
„Неговата оставка е потврдена“, изјави Клеверли, одговарајќи на прашање на член на парламентот. Предлог-законот е дел од плановите на британската влада за надминување на блокадата на Врховниот суд на ОК на политиката на Руанда.
Судот минатиот месец пресуди дека планот е незаконски, бидејќи според него Руанда не е безбедна земја за бегалците. Велика Британија и Руанда потоа потпишаа договор со кој се обврзаа да ја зајакнат заштитата на мигрантите.
Британската влада соопшти дека ќе и дозволи да донесе закон со кој Руанда се прогласува за безбедна дестинација. Предлог-законот најверојатно ќе се соочи со отпор од центристичките пратеници на владејачката Конзервативна партија, кои се противат Британија да ги прекрши нејзините обврски во областа на човековите права, пренесува британската агенција. Конзервативната влада има за цел да ги спречи илегалните мигранти да пристигнуваат преку Каналот.
Велика Британија и Руанда постигнаа договор во април 2022 година дека некои мигранти кои ќе го преминат Ла Манш ќе бидат испратени во Руанда, каде што треба да се процесуираат нивните барања за азил и дека, доколку им биде одобрен азил, тие ќе останат, но досега никој од барателите на азил не испратени во Руанда.
Британската влада тврди дека депортацијата во Руанда ќе ги обесхрабри другите мигранти да го преминат Каналот, како и ќе ги разбие мрежите за шверц на луѓе. Критичарите на законот велат дека е неетички и неостварливо да се испраќаат мигранти во земја оддалечена 6.400 километри, без шанси некогаш да се населат во ОК.
Досега никој не е испратен во Руанда според планот, кој се соочи со повеќе правни предизвици. Новиот закон, доколку биде усвоен, ќе го отежне оспорувањето на наредбите за депортација пред судовите.
Подготвено од А.Ѓ.