28.12.2023 Скопје
Битолската болница „Д-р Трифун Пановски“ доби медицинска опрема во вредност од околу 450.000 долари, која беше финансирана од обединетата македонска дијаспора. Ова е втора ваква донација на ОМД, по минатогодишната донација во една скопска болница.
Во соработка со World Medical Relief од Мичиген и медицинската мисија Dattilio од Вермонт испорача медицинска опрема во вредност од 450.620 американски долари,
Вчера, директорот на ОМД за Македонија и Европа, Гордан Јорданов, ја посети болницата, ги обиколи објектите и беше сведок на придобивките од оваа донација на медицинска опрема и материјали кон градот Битола и пациентите на болницата. На Јорданов му се придружија министерот за здравство на Република Северна Македонија, Фатмир Меџити, и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Од 2004 година, ОМД помага и/или донира над 1,5 милиони американски долари во добротворна и хуманитарна помош за Република Северна Македонија.
Директорката на битолската болница Елизабета Ивановска изрази најдлабока благодарност до World Medical Relief, ОМД и до медицинската мисија Dattilio, велејќи дека опремата е од големо значење за болницата и дека со неа, нивото и квалитетот на здравствените услуги и здравствената заштита за пациентите од целиот регион ќе се подобрат.
Ивановска истакна дека после долги години битолската болница доби донација од ваков тип.
Подготвено од М.Д.