https://www.flickr.com/photos/188027733@N06/49790335083/in/photolist-2iRNtXa-4jkCQa-5UAjQU-RxaRr3-gjdJK-7nB8jD-4zV6Fb-rSyfZC-3crMWR-6uq6EM-2hS3FVM-4zVbsL-xUKJN-7CCJ8J-4vSYCv-2sCz8-513AJo-fC4zL-4zV3Md-2XggC-6TvB5w-6H2v4c-whJYba-2hHGbTC-7XpKRA-4ZYn8v-cnaNv9-4ZYo5B-4RFtt-5GsMKm-4i8TVs-2piCsa-513yH9-51Ciai-4zQZ9c-4zVgCA-513AxL-4smLZr-4ZYmXp-8KM2SA-4ZYngg-513zzs-4ZYnFi-4ZYoiF-513zXw-4oTyC2-7yKF74-5vzkUv-6p5okR-4Zj5Ga

12.12.2023 Скопје

Американската компанија Zippiа, која посредува во вработувањето и објавува деловни податоци, објави колку дневно заработува коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, кој е меѓу најбогатите луѓе во светот.

Гејтс беше најбогатиот човек на светот речиси 20 години, а потоа го надмина основачот на Amazon, Џеф Безос. Меѓутоа, кога станува збор за богатството, тој се уште е меѓу светската елита.

Како што објави Zippia, просечниот човек заработува 2,7 милиони долари во текот на животот, додека Гејтс заработува три до четири пати повеќе од таа сума во еден ден. Проценките за точната сума на неговата дневна заработка варираат, но една од нив е дека таа е 10,95 милиони долари, што е 117 долари во секунда. Според друга проценка, станува збор за дневна заработка во износ од 7,6 милиони долари.

Мајкрософт е еден од изворите на заработката на Гејтс. Откако ја основаше оваа компанија со Пол Ален во 1975 година, таа доминираше на различни технолошки пазари. Пред четири години имаше пазарна капитализација од еден трилион долари. Изворите на приход на Гејтс се инвестиции во недвижнини.

Најголем дел од заработката ја дава во добротворни цели, главно преку Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author