04.12.2023 Скопје
Германија планира да ги продолжи граничните контроли со Полска, Чешка и Швајцарија до 15 декември за да го запре протокот на миграција и да се бори против шверцот со луѓе, изјави неименуван портпарол на германското Министерство за внатрешни работи.
Тој на прес-конференција во Берлин рече дека Германија ќе ја информира Европската комисија за продолжувањето.
Според портпаролот, Министерството смета дека мерките на стационарната полиција на полската граница треба да продолжат одделно.
Портпаролот додаде дека овие мерки доведоа до спречување на околу 1.100 неовластени влезови откако тие стапија на сила на 16 октомври.
Германија најави засилени контроли на копнените граници со Полска, Чешка и Швајцарија како одговор на големиот пораст на барањата за азил за прв пат од почетокот на годината.
Подготвено од А.Ѓ.