БЕЛОРУСИЈА ГО ПРОДОЛЖИ ЕМБАРГОТО ЗА УВОЗ НА ПРОИЗВОДИ ОД „НЕПРИЈАТЕЛСКИТЕ ЗЕМЈИ“

28.12.2023 Скопје

Белоруската влада одлучи да го продолжи до крајот на 2024 година ембаргото за увоз на одредени видови земјоделски и прехранбени производи од „непријателските земји“ кои воведоа санкции кон Минск.

„Резолуцијата на Советот на министри на Република Белорусија од 6 декември 2021 година ќе биде продолжена до 31 декември 2024 година“, се наведува во соопштението.

Од 1 јануари 2022 година, Белорусија воведе ембарго за увоз на храна за шест месеци против голем број западни земји кои претходно воведоа санкции кон Минск.

Белоруската влада подоцна објави дека ембаргото немало негативно влијание на белорускиот пазар, ниту кога станува збор за асортиманот, ниту кога станува збор за цените.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author