https://www.flickr.com/photos/markhodson/14856861681/in/photolist-oCRinB-bu95Xh-2kcGqxS-2miDmmt-2jkXmYo-6Aaiw2-GjN6Jb-6pqCEo-CkLuzV-RmDN2R-7otC9e-2kHtBtK-2nbJruf-2kT7DKW-UxG9CJ-2dZn4mQ-2jnag5p-2nuC3eG-uKC4cN-2dSyTnF-xVPZav-RjmPGR-2nBUy2u-2kwwgYQ-Xue8eN-2n3wJXL-XeiunJ-XX74xc-2hmZe88-2gUMnYj-F9ygHy-27Ezwyu-Z2jnYH-Frq2G8-2m9LPhn-2jnn94Y-Cws9qR-2fkPvkb-pZhU8b-FLYBgW-7aQp9p-7B2Rm1-4xB65T-AKucMf-5ahieh-m17ogM-R9MFrY-Lx8gkG-Gpe2vr-z984uq

04.12.2023 Скопје

Во последниве неколку години во Австрија има зголемен број на измами со социјално осигурување, а луѓето со балканско потекло се во првите редови на овие измами.

Последен во низата е случајот со 64-годишен Хрват и неговата сопруга кои неколку години незаконски добивале социјална помош. Според австриските медиуми, оваа брачна двојка ќе биде пријавена во државното обвинителство во Леобен.

Имено, откако полицајците од полициската станица Трофајах неколку месеци ги истражувале 64-годишникот и неговата сопруга, сега е утврдено и докажано дека парот извршил измама со социјално осигурување.

Имено, овој 64-годишен маж и неговата 49-годишна сопруга добиле социјална помош иако поголемиот дел од годината ја поминале во Хрватска. Сумата што ја наплатиле т.е. незаконски земени сите овие години е петцифрена.

Исто така, двајца осомничени се обиделе да аплицираат за дополнителни социјални надоместоци. Токму поради спроведената истрага од страна на службениците на полициската станица Трофајах, натамошната исплата е прекината и со тоа е спречена дополнителна штета. И двајцата ги признаа сите обвиненија против нив.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author