11.12.2023 Скопје
Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја посети Белата куќа во вторник, 12 декември.
Во соопштението се наведува дека целта на посетата е да се нагласи непоколебливата посветеност на Америка за поддршка на украинскиот народ. Лидерите ќе разговараат за итните потреби на Украина.
Бајден побара од Конгресот пакет помош за Украина и Израел, заедно со други приоритети за национална безбедност, вреден 110 милијарди долари.
Сепак, барањето е предмет на расправа во Конгресот.
Подготвено од А.Ѓ.