zelenski bara oruzje od juzna koreja

07.12.2023 Скопје

Републиканците во американскиот Сенат го блокираа гласањето за нацрт-законот за помош на Украина и Израел, откако демократите не ги исполнија нивните барања во врска со зајакнувањето на безбедноста на јужната граница на САД.

Пакетот од 110 милијарди долари вклучуваше 61 милијарда долари за Украина, како и помош за Израел и Газа.

Предлогот веќе вклучуваше одредби за граничната безбедност, но републиканските барања за дополнителни промени поврзани со правилата за азил ги комплицираа преговорите со демократите.

Сенаторите гласаа 51 против 49 против продолжувањето на гласањето, додека вкупно 60 беа потребни за понатамошно усвојување.

Сите републикански сенатори гласаа против да се пристапи кон гласање за мерките.

Ним им се придружи независниот сенатор од Вермонт, Берни Сандерс, кој претходно изрази резервираност за испраќање помош за Израел.

Еден од противниците на мерката, сенаторот од Јужна Каролина, Линдзи Греам, истакна дека Сенатот, во кој мнозинството имаат демократите, знае што бараат републиканците и дека се надева дека ќе постигне договор кога станува збор за дополнителна безбедност на границите, па дека можат да продолжат со преговорите за законот за испраќање помош.

Претседателот Џо Бајден рече дека со ова гласање, републиканците му го даваат на рускиот претседател Владимир Путин „најголемиот подарок на кој можеше да се надева“, додека началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак рече дека „без американска помош, Украина веројатно ќе го изгуби војна“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author