https://www.facebook.com/photo/?fbid=588539953275424&set=a.332395498889872

18.12.2023 Скопје

Правните процедури и докази се темел по кој се раководат САД кога се работи за тоа кој ќе биде ставен на црната листа.

Амбасадорката на САД Анџела Агелер изјави дека повеќе пати имала разговори со поранешниот премиер Зоран Заев и дека тој секогаш се залагал за неговиот пријател Анѓушев да не заврши на црната листа на САД. Воедно, додаде дека Анѓушев ќе бара правни начини за да го избегне сето тоа и дека тоа е негово право и никој не може да му го одземе.

Амбасадорката наведува и дека нивниот фокус не е само корупцијата во прашање туку дека највисок приоритет на Амбасадата е со сите свои сили и механизми да го поддржи напредокот на Република Северна Македонија во напорите да се интегрира во Европа.

Амбасадорката кажа дека за да може оваа влада да продолжи со понатамошните преговори за пристап во Европската унија треба да се исполнат и одредени барања и дека Република Северна Македонија има целосна поддршка од САД. Меѓу другото, таа истакна дека приоритети се реформите во правосудството,образованието здравството, но и во други сектори. Таа истакна и дека овие реформи ќе ја направат државата посилна, постабилна и поперспективна и младите луѓе нема да ја напуштаат државата барајќи подобри услови за живот.

Подготвено од М.Д.

About Author