aerodromi

02.12.2023 Скопје

Обилните снежни врнежи и ниските температури предизвикаа големи одложувања и откажувања на повеќе од 100 полетувања и слетувања на аеродромот во Минхен.

Околу 130 авиони не можеа да слетаат ниту да полетаат, изјави портпаролот на аеродромот.

Најмалку една писта на аеродромот мора постојано да остане слободна, а екипите наизменично ја чистат секоја писта од снег, рече тој.

На патниците им било кажано да контактираат со нивните авиокомпании за да дознаат дали има доцнења или откажувања на летови.

Аеродромот очекува натамошни откажувања на летови поради невремето, изјави портпаролот.

Аеродромот во Минхен е вториот најфреквентен аеродром во Германија по Франкфурт.

Според прогнозата на германската метеоролошка служба, денес во Минхен непрекинато ќе врне снег.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author