abu dabi

11.12.2023 Скопје

Главниот град на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Абу Даби, стана ново засолниште за милијардерите.

Во слободната економска зона на градот Абу Даби во моментов се регистрирани повеќе од 5.000 приватни компании, додека во 2016 година таму биле регистрирани само 16 такви компании, покажува истражувањето на M/HQ.

Абу Даби е привлечен за претприемачите поради гаранцијата за заштита на имотот од странски јурисдикции и можноста да се избегне двојното оданочување според законот на ОАЕ.

Големите инвеститори можат да добијат и дозволи за долгорочен престој или државјанство на Обединетите Арапски Емирати.

Сем Блатеис, главен извршен директор на заливската консултантска компанија Mena Catalysts, рече дека Абу Даби е безбедна алтернатива на помалку предвидливите Британски Девствени Острови и Кајмански Острови.

Абу Даби не поставува минимална граница на акционерскиот капитал, нема ограничувања поврзани со националноста на акционерите, а преносот на акциите е лесен, додава Блатеис.

Поранешниот извршен директор на крипто берзата Binance Changpeng Zhao или основачот на најголемиот светски хеџ-фонд Bridgewater, Реј Далио, го регистрираа својот бизнис во Абу Даби.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author