Abetsedar

18.12.2023 Скопје

По повод чествувањето на 98-та годишнина од печатењето на букварот со име „Абецедар“, кој бил наменет за учениците Македонци, на свечената академија на МАНУ, историчарката Виолета Ачковска потенцираше неколку битни историски факти кои скоро еден век соседните центри на моќ се обидуваат да ги заташкаат и избришат или релативизираат со својата хегемонистичка политика.

Професорката Ачковска нагласи дека политиката на соседите за негирање на македонскиот идентитет, како во минатото така и денес, се вмешала во добронамерноста на Друштвото на народите ви Женева, кое и наложило на грчката влада во училиштата да се одвива настава на Македонски јазик.

Најважната причина зошто овој буквар не стапил на сила е затоа што на дебатата која се водела во Друштвото на народите во Женева, бугарските претставници се расправале со грчкиот претставник дека „Абецедарот“ не бил воопшто разбирлив за бугарските деца во Бугарија. Тогаш грчкиот претставник појаснил дека се работи за многу поразличен јазик што не е ниту грчки, ниту бугарски.

Абецедарот бил напишан со приспособена латинска азбука и на прилепско-битолски-лерински дијалект и со примеси на југозападни наречја и со фонетски правопис. „Абецедарот“ испечатен во Атина во 1952 година, наменет за учениците Македонци од Егејска Македонија, никогаш не почна да се применува.

„Абецедарот“ се претпоставува дека е пишуван од тројца автори за кои ќе биде потребно посебно истражување за да се утврди нивната етничка припадност, затоа што дијалектната база на која е пишуван букварот се совпаѓа со онаа на Мисирков од книгата „За македонцките работи“.

Подготвено од М.Д.

About Author