kafe123

15.11.2023 Скопје

Посегнувањето по свежо кафе наутро е практика за повеќето луѓе, но според експертите, тоа може да ви направи повеќе штета отколку корист.

Кофеинот го зголемува вниманието и будноста со зголемување на количината на хормонот на стрес кортизол во човечкото тело.

Проблемот е што кортизолот природно се зголемува кога човек ќе се разбуди наутро, што значи дека пиењето кафе во тоа време има негативен ефект бидејќи дополнително го активира лачењето на кортизол.

Луѓето кои пијат кафе во рок од два часа по будењето, всушност ги прават нивните тела имуни на кофеин. Првото кафе најдобро е да го пиете само откако ќе падне нивото на кортизол, кое во повеќето случаи е помеѓу 9.30 и 11.30 часот. Со ова се согласува и нутриционистката Сара Бруер, која вели дека идеалното време за кафе е точно во 10 часот.

Ова, секако, важи за луѓето кои се будат во седум или осум часот на работа.

„Вашето ниво на кортизол е највисоко помеѓу половина час и два часа по будењето. Многу е лошо да пиете кафе тогаш бидејќи кофеинот го имитира одговорот на стресот и предизвикува кортизолот уште повеќе да скокне“, објасни нутриционистот.

Ако пиете кафе барем два часа подоцна, нема да се чувствувате вознемирени и немирни. Исто така, се советува да не пиете кафе доцна навечер бидејќи, повторно од истата причина, може да имате потешкотии со спиењето. Последното кафе задолжително испијте го пред 17:30 часот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author