02.11.2023 Скопје
Можеби облеката не е толку валкана, па ја перете на пониска температура, но пожелно е да не го правите тоа.
Перењето алишта на еколошки 30 степени можеби изгледа како добра идеја, пред се поради заштеда и пари и време. Сепак, микробиолозите советуваат да не се перат алиштата на температура пониска од 60 степени, особено не детската.
Бактериите живеат во нашето тело на телесна температура од 37 степени, што значи дека 30 степени нема да ги елиминира. Бактериите како ешерихија коли може да се пренесат преку облеката кога ја перете на пониски температури.
Постојат дури 10.000 организми поврзани со измет на патики измиени на ниска температура, а само две лажици вода што ја користи машината имаат околу милион бактерии.
За да се осигурате дека бактериите не се задржуваат во машината, се препорачува да ја стартувате машината за перење најмалку еднаш месечно на температура од 90 степени без алишта во неа.
Подготвено од А.Ѓ.