sednica ON

13.11.2023 Скопје

Знамето на Обединетите нации во Њујорк беше спуштено на половина копје, во знак на жалост за персоналот на светската организација кои беа убиени во Појасот Газа.

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) во петокот објави дека повеќе од 100 нејзини вработени загинале во Газа од почетокот на израелското бомбардирање.

Ова е најголем број на работници на ОН убиени во еден конфликт.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author