27.11.2023 Скопје
Светските цени на златото се на највисоко ниво во последните шест месеци од повеќе од 2.000 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама).
Според податоците на берзата, цената на златото во 11 часот изнесувала 2.012,16 долари за унца.
Вредноста на златото порасна пред се поради слабеењето на доларот, бидејќи трговците веруваат дека американската централна банка ФЕД нема да ги зголеми каматните стапки во САД и дека тие веќе го поминале својот врв.
Најголеми светски производители на злато се Кина, Австралија, САД, Јужна Африка, Русија, Перу и Индонезија.
Најмногу злато купуваат Индија, Кина, САД, Турција, Саудиска Арабија, Русија и Обединетите Арапски Емирати.
Подготвено од А.Ѓ.