https://www.flickr.com/photos/greendayanddepp/380939503/in/photolist-zEq3t-6eo2nM-umwsP-p1Vk3b-5broG-7EfP-D7WuWx-duWAWW-g5peC-dT3Z78-JJNi8T-22JcN77-6iBy5G-qMmLj6-5KWnZb-PKUbFu-7VFmrE-MeeZTM-7ji7TR-6D5c5v-pqQNgF-5JGGt7-6ga5K8-eDeGyQ-xJL2Cz-zZu7F-au2Syu-bAy4Z4-xzjCh-YJ8kjs-tQRPM-sXuw9-APXCm-buNLc1-dM91ot-5F6CB-Y7imx8-8Y1znr-dMeyDd-sWrGE8-rRRf7f-3WWHU3-biaLa6-dM8ZHc-ncYNff-QYX68C-aceNBu-6SBTQ8-7XgMBn-ooVJq5

21.11.2023 Скопје

Утринава во 6.33 часот во СВР Скопје пријавено е дека на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во возило „пежо“, сопственост на Т.С. и патничко возило „санг јонг“, сопственост на К.Х., информираат од Министерството за внатрешни работи.

Едното возило се запалило па пожарот се проширил и на соседното возило.

Брзата реакција на пожарникарите, спречила поголема катастрофа, бидејќи запалениот автомобил се наоѓал на паркинг на кои имало и десетици други возила, паркирани едно до друго.

Жителите од околните згради на Ново Лисиче го имаат забележано пожарот и ја имаат алармирано противпожарната служба, која интервенираше веднаш.

Подготвено од М.Д.

About Author