mazhi i zheni

15.11.2023 Скопје

Европската комисија објави дека жените во ЕУ се уште се платени за 13 отсто помалку во просек од мажите на истите работни места, и покрај тоа што еднаквите плати се дел од правото на ЕУ.

„Еднаква плата за иста работа или работно место со еднаква вредност е еден од основните принципи на ЕУ. Таа е воспоставена со Договорот од Рим во 1957 година. Сепак, напредокот во работата за елиминирање на родовиот јаз во платите стагнира оваа година и е бавно во последните неколку години“, се наведува во соопштението.

Комисијата во обид да помогне во решавањето на проблемот донесе Уредба за транспарентност на заработката која стапи во сила на почетокот на јуни.

Директивата, која е во правото на ЕУ, ја утврдува рамката за примена на идејата за „работа со еднаква вредност“ и критериумите за споредба кои вклучуваат вештини, напор, одговорност и работни услови.

Документот има за цел да им помогне на работниците да ја идентификуваат дискриминацијата во платите и да ја оспорат. Сепак, тој допрва треба да се транспонира во националното законодавство во 27-те земји на ЕУ, кои имаат три години да го сторат тоа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author