24.11.2023 Скопје
Јужнокорејската полиција уапси жена која се обидела да ја отвори вратата за итни случаи на авион додека била под дејство на дрога.
Полицијата на меѓународниот аеродром во јужнокорејскиот град Инчеон приведе 26-годишна жена откако неуспешно се обидела насилно да ја отвори вратата за итни случаи на летот на Korean Air од Њујорк до Инчеон.
Наводно, осомничената покажувала знаци на вознемиреност по околу 10 часа лет, кога постојано се обидувала да ја отвори вратата, додека стјуардесите не ја задржале.
При полициската истрага осомничениот бил позитивен на нелегална дрога.
Јужнокорејската полиција соопшти дека осомничената влегла во земјата откако поминала повеќе од шест месеци во Њујорк и немала досие за ментална болест.
Подготвено од А.Ѓ.