March 14, 2022, Kyiv, Ukraine: Ukrainian President Volodymyr Zelenskyy delivers an address marking the 19th day of the Russian invasion, March 15, 2022 in Kyiv, Ukraine. (Credit Image: Global Look Press/Keystone Press Agency)

16.11.2023 Скопје

„Обрнете внимание на Балканот. Верувајте, добиваме информации дека Русија има големи планови. Блискиот исток и уште едно одвлекување – Балканот. Ако западните земји и другите земји во светот не направат ништо, таму ќе има нова експлозија“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој вели дека не е ништо ново.

„Има криза меѓу земјите од Балканот, а не е од вчера. Токму затоа Русија се меша таму, за една балканска земја да војува против друга. Русија е заинтересирана да го пренасочи вниманието и да помогне. Таму разлика е кога помагаш на една земја и кога таа помош и внимание треба да ја споделиш меѓу неколку од нив“, им рече Зеленски на африканските новинари и додаде: „Помеѓу неколку земји, неколку кризи, неколку хуманитарни предизвици. Не се работи само за оружје, туку и за хуманитарна помош, и за жени, деца, кои станаа жртви на војната“.

Тој понатаму изјави дека треба да се посвети внимание на Молдавија.

„Верувајте ми, Русија го организира истото таму. Сега почнуваат да ја дестабилизираат ситуацијата во Молдавија. Сакаат да покажат дека нешто не е во ред со изборите таму. Зошто? Да ги прогласат изборите за нелегитимни и да ја отстранат проевропската влада. Тоа е она што работи Русија“, рече Зеленски.

Подготвено од М.Д.

About Author