https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3179023185681369&set=pb.100007211555008.-2207520000..&type=3

10.11.2023 Скопје

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ги потпиша законите за продолжување на воената состојба и општа мобилизација за 90 дена – до 14 февруари 2024 година.

Врховната Рада на 8 ноември усвои закони за одобрување на претседателски декрети во врска со продолжувањето на вонредната состојба и општа мобилизација во Украина од 16 ноември за 90 дена, односно до 14 февруари 2024 година.

На 24 февруари 2022 година, Руската Федерација започна целосна инвазија на Украина.

Истиот ден во Украина беше воведена вонредна состојба и беше најавена општа мобилизација – до 26 март.

После тоа, Собранието постојано го продолжуваше периодот на вонредна состојба и општа мобилизација.

Подготвено од М.Д.

About Author