zelenski bara oruzje od juzna koreja

06.11.2023 Скопје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да ја зголемат помошта за неговите сили и го покани поранешниот американски претседател Доналд Трамп да дојде во Украина за да се увери во размерите на конфликтот со Русија.

Зеленски дека американските војници на крајот би можеле да бидат вовлечени во поголем европски конфликт со Русија доколку Вашингтон не ја засили својата поддршка.

Зеленски го покани Трамп, републиканец, да ја посети Украина и да ги види последиците од конфликтот.

Трамп, кој ќе бара уште еден мандат во 2024 година и е фаворит за претседателска номинација на неговата партија, остро ја критикуваше американската поддршка за Киев и рече дека би можел да ја заврши војната за 24 часа доколку биде реизбран.

„Ако може да дојде овде, ќе ми требаат 24 минути да му објаснам на претседателот Трамп дека не може да управува со оваа војна. Тој не може да донесе мир поради Путин“, рече Зеленски.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author