germanska policija

09.11.2023 Скопје

Полицијата на германскиот град Хамбург вчеравечер соопшти дека привела четири момчиња на возраст од 12 до 14 години, од кои две биле вклучени во вооружен инцидент во училиште во западниот дел на градот.

Полицијата претходно соопшти дека извршила голема акција во училиште во населбата Бланкенезе, при што двајца ученици со оружје му се заканувале на наставник, а потоа побегнале во непознат правец.

„Одвоено, полицијата околу 14 часот и 50 минути доби повик за опасна ситуација на улицата Менделсон во населбата Баренфелд. Малку подоцна истражителите приведоа четири лица во рамките на истрагата“, соопшти полицијата.

Подоцна било утврдено дека во инцидентот во населбата Бланкенезе учествувале едно 12-годишно и едно 13-годишно момче.

Полицијата соопшти дека од момчето запленила два пиштоли играчки и дека истрагата е во тек.

Во акцијата во училиштето се вклучени околу 400 полицајци.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author