punkt prolet

15.11.2023 Скопје

Официјално од денес почна да работи пунктот на Министерството за внатрешни работи за промена на личните документи без закажување, кој се наоѓа во салата на полициската станица „Пролет“ во Општина Центар.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска со раководството на МВР го посети пунктот, рече дека ова е направено со цел граѓаните да можат до законски утврдениот рок, февруари 2024 година, да направат промена на личните документи.

„За таа цел инсталиравме 10 базни станици каде граѓаните може да се сликаат за документите. Системот е тестиран и овозможува околу 1000 лица за период од еден работен ден да ја поминат целат процедура. Работното време на пунктот е од 8 до 18 часот со можност да се продолжува до 20 часот“, рече Спасовски во изјава за медиумите.

Овој пункт е времен, и има функција да овозможи побрз проток на издавање лични документи, и ќе биде демонтиран кога ќе заврши целиот процес.

Министерот информира дека на ниво на целата држава се заменети околу 1 милион и 50.000 патни исправи, околу 900.000 лични карти и 480.000 возачки дозволи.

Подготвено од М.Д.

About Author