https://www.facebook.com/photo.php?fbid=390738199901544&set=pb.100068961018275.-2207520000.&type=3

02.11.2023 Скопје

На денешната собраниска седница на дневен ред е предложениот закон за амнестија по скратена постапка.

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе поднесе 5.000 амандмани за да го блокира усвојувањето на овој закон, додека пак од политичката партија СДСМ најавија амандмани за да го спречат можното амнестирање на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковци.

Министерот за правда Кренар Лога на пратениците денес им покажа фотографии за тоа какви се условите по затворите во Република Северна Македонија.

Пратениците на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ го блокираат носењето на законот со сите можности кои ги нуди Деловникот.

Според министерот Лога, целта на амнестијата е да се ослободат затворите од бројот на затвореници поради лошите услови за престој.

Пресметката е дека ако овој закон помине во Собранието, од вкупно 2.114 затвореници, 286 ќе бидат целосно ослободени, а за 996 ќе има делумно ослободување.

Заменичката на министерот за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, која е член на политичката партија СДСМ, со предложениот закон за амнестија не се согласува. Воедно, од СДСМ најавија амандмани за да спречат осудените за Монструм да бидат амнестирани.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, истакна дека законот за амнестија е ветување на власта во однос на ослободување на некои лица пред изборите, посочувајќи дека тие закони се пишуваат во партиските штабови по интерес и математики на власта во пресрет на изборите.

На денешната седница најавен е и избор на испразнетото место во Државната изборна комисија, со што оваа позиција, според законот, мора да ѝ биде доделена на опозициската партија од албанскиот блок.

Подготвено од М.Д.

About Author