manchester siti

30.11.2023 Скопје

Манчестер Сити е во голем проблем и ќе мора да одговара на суд за грубо прекршување на финансискиот фер-плеј, пишуваат англиските медиуми.

Фудбалското судење на векот во кое Велика Британија ќе ги удри популарните „Граѓани“ е закажано за есента 2024 година, а Манчестер Сити се соочува со дури 115 поединечни случаи на кршење на финансиските правила кои ги регулираат деловните и спортските одлуки на клубовите во Премиер лигата.

Клубот во сопственост на кралското семејство на Обединетите Арапски Емирати ќе биде во големи проблеми, а може да се соочи и со испаѓање од Премиер лигата, особено ако се земе предвид дека Евертон неодамна беше казнет со бодови за многу помал прекршок.

Истрагата за работите на Сити траеше пет години, се вели дека се собрани многу докази, а предметот ќе стигне до судот. Судењето требаше да започне порано, но беше одложено поради зголемениот број на сведоци кои сакаат да учествуваат во него, па затоа и самата истрага се пролонгираше.

Во текот на процесот, Сити ќе одговори на обвинувањата кои се однесуваат на деловни одлуки до сезоната 2009/10. Шеикот Мансур Бин Зајед Ал Нахјан стана сопственик на клубот во 2008 година, па можеше да се најде во најголемите проблеми.

Пресудата, доколку нема последователно одлагање, може да се очекува во текот на 2025 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author