10.11.2023 Скопје
Денеска во Куманово, политичката партија Движење ЗНАМ – За Наша Македонија одржа основачко собрание.
Партијата соопшти дека на собранието присуствуваа поддржувачи од целата држава. Максим Димитриевски е избран за претседател, а за дел од работното Претседателство се именувани Катерина Тодороска и Емил Јанески.
Димитриевски е избран на предлог на Жанета Делова, претседателка на Здружението „Тиквешка заедница за напредок и просперитет”.
За членови на Извршниот одбор се назначени генерал Павле Арсоски, Жанета Делова и Игор Филков, за членови на Надзорниот одбор Ристо Николовски од Прилеп, Марјан Петковски од Куманово и Урош Милошевски од Скопје.
Мотото на партијата е „Македонија се буди! Време е за промени!“
Подготвено од М.Д.