evropska unija eu zname

15.11.2023 Скопје

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека за европска интеграција на Западен Балкан е неопходно да се решат различни спорови меѓу земјите од регионот, вклучително и меѓу Белград и Приштина.

„Ние работиме напорно за да ја решиме навистина тешката ситуација меѓу Косово и Србија. Јас сум секогаш на страната на процесот на проширување“, рече Шолц на прес-конференцијата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Тој додаде дека се надева оти ќе се постигне напредок во решавањето на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Шолц нагласи дека Германија е против билатералната природа на процесот на проширување на ЕУ.

„Во сите спорови меѓу земјите од регионот, Берлин е на страната на процесот за членство во ЕУ, бидејќи сака кандидатите да го постигнат што е можно поскоро. Во минатото бев многу ангажиран со различни земји за да се осигурам дека таму не се билатерални прашања што би го попречиле напредокот на овој процес и работиме тоа да го овозможиме и во иднина“, рече Шолц.

Тој додаде дека по ветувањата дадени во Солун пред две децении, сега е неопходно да се постигне напредок во спроведувањето.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author