07.11.2023 Скопје

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека споредено со месец септември, трошоците на животот се намалиле за 1,5% додека кај цените на мало има намалување од 0.6 проценти.

Споредено со октомври минатата година, трошоците за живот се зголемиле за 3,5% додека цените на мало за 3,4%. Но, овој раст на цените и трошоците за живот е далеку понизок од растот на платите и пензиите во речиси истиот период.

Според податоците, просечната плата во август оваа година е зголемена за 14,2 отсто во споредба со истиот месец лани.

Додека пак, пензионерите во октомври оваа година, имаат за 13,7 отсто повисоки пензии поради двете зголемувања во март и септември оваа година.

Веќе неколку месеци растот на платите и пензиите ја надминува инфлацијата, што според економистите е добар знак дека се случува економско заздравување.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *