denari

16.11.2023 Скопје

Министерот за финансии Фатмир Бесими најави дека во Предлог-буџетот за 2024 година се проектирани средства за исплата на повисоките плати за вработените во јавната администрација, за исплата на повисоки пенсии согласно утврденото системско решение, но нема да има повисоки плати за функционерите.

Со Предлог-буџетот за следната година обезбедени се средства за она што е предвидено со потпишаниот Општ колективен договор, со кој од септември оваа година платите на сите вработени во јавниот сектор се зголемени за десет отсто.

Министерот Бесими изјави и дека исплатата на К-15 кое оваа година е во износ од 10.000 денари, а наредната во износ од 30 проценти од просечната нето-плата.

„Она што не е планирано во Предлог-буџетот се средства за раст на платите на функционерите, а за исплата на зголемените плати се обезбедени дополнителни 160 милиони евра“, истакна Бесими.

Воедно, Бесими истакна дека она што беше важно во услови на инфлација е да се одржи нивото на платите и да се заштити стандардот на граѓаните и веќе од април има реален раст на платите, бидејќи има раст на платите, а инфлацијата е едноцифрена.

Министерот посочи дека повеќе средства се обезбедени и за исплата на пензиите согласно законските решенија.

Подготвено од М.Д.

About Author