17.11.2023 Скопје
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека има безброј надворешни притисоци и дека „има безброј луѓе кои сакаат да владеат со Западен Балкан“.
„Горд сум што Србија секогаш ќе вели дека Србија сака балканските народи сами да управуваат со нивната судбина – дека тие ги имаат рацете на воланот, а не некој друг“, им рече Вучиќ на новинарите за време на обиколката на изложбените штандови на „Вино Визија“ на меѓународниот саем „Отворен Балкан“.
Вучиќ посочи дека управувањето со сопствената судбина на Балканот е историска идеја која никој никогаш нема да може да ја скрши и победи.
„И на крајот таа идеја ќе победи. Дали ќе биде следната година, за две години, пет или 30 години, не е важно. Тоа што го направивме ќе биде запишано во историјата“, рече Вучиќ.
Претседателот на Србија рече дека оние „кои објаснуваат дека тоа не треба да се прави“ не разбираат колку го навредуваат духот на слободата на секој од народите на Балканот, кој сака само да биде на своето и да нема некого.
„Како да ни носат планови што треба да ги прифатиме, затоа што ако не ги прифатиме, не сме доволно добри, па ни ја вадат косата кога не ги прифаќаме. Тоа е затоа што мислат дека се богови, и мораме да слушаме што велат боговите“, рече тој.
Подготвено од А.Ѓ.