https://www.flickr.com/photos/136502155@N06/42359670092/in/photolist-27xbo8w-S6Ds1i-269L2L9-P3GoJf-2hi7ziR-21zXSbF-t7PEj5-QRFrvr-dxtHWY-2nHW6i7-22KAqvA-RvYk7Q-QRFkaa-2nHPX2U-ux4Xn6-21v2EcN-Q32aeb-RvYmXo-ZuLLXC-269mjJA-27f5bvg-NVBPiJ-LGUdpY-uwWauQ-DscS9w-DscSmq-NY8T4M-MupP1z-oZr4HR-2jHdG7w-Lx44pe-K7abY3-249ufRX-P3GoCU-2jHd6hG-MupNSZ-2nC5BVn-NY8Twk-2iAfy6Q-27aZbzj-GDkmVB-MupPjv-LwYZyC-DscQQu-27BBJqk-24RQXeQ-KtFNwS-Lx42PF-ZuLLKJ-N8GwLH

06.11.2023 Скопје

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Косово и Метохија се дел од Србија, која секогаш ќе се грижи за својот народ во покраината.

Вучиќ потсети дека повеќе од 200 пати отишол во Брисел само поради Косово, за да ги зачува виталните интереси на Србија.

На првата предизборна средба во Лесковац, тој рече дека Србија ќе ја управуваат нејзините граѓани, а не некој надвор од оваа земја и дека тоа е политиката на списокот што го составува СНС.

Претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, изјави дека претстојните парламентарни избори на 17 декември во Србија се најважни во 21 век и дека граѓаните ќе изберат дали Србија ќе биде неутрална и водена од интересите на своите граѓани или, како во 2012 година, за тоа ќе решат тајкуните.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author