rolex chasovnik

15.11.2023 Скопје

Во продолжение на антикорупциската кампања, припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, Одделот за антикорупција на УКП, во соработка со Царинската управа, а по наредба на Специјалното одделение за антикорупција на Вишиот Јавното обвинителство во Ниш уапси турска државјанка У.С.(49) поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело криумчарење.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на осомничената на аеродромот „Константин Велики“ во Ниш, на летот за Истанбул, полицијата пронашла два рачни часовници Ролекс, кои таа не ги пријавила кај цариниците и полициските службеници при излегување од Србија, дури и иако таа беше должна да го стори тоа.

На У.С. и е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведена во надлежното обвинителство.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author