скопје проект

11.11.2023 Скопје

Од Град Скопје информираа дека во Скопје сепак ќе се реализира проектот Брз автобуски превоз, БРТ.

Претходниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, го промовираше проектот, но моменталната градоначалничка Данела Арсовска го блокираше истиот.

БРТ е систем кој наликува на метро или на лесна железница со еколошки автобуси со голем капацитет и безбедни коридори по кои ќе се движат, но не премногу брзо, со 50 километри на час.

Со БРТ ќе се воспоставуваат две линии со коридори од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, и од Бутел до Пинтија.

Од Ѓорче до Лисиче ќе се стигнува за 35 минути.

„По две години отстранување на пречките на проектот предизвикани од претходното градско раководство, градот Скопје конечно ќе добие нов транспортен систем. Системот за Брз автобуски превоз доби зелено светло од меѓународните партнери со што започнува неговата реализација во главниот град. Проектот подразбира изградба на два нови терминали, на транспортни центри, обезбедување на непречено сообраќање на автобусите, како и набавка на нови еколошки автобуси кои користат ЦНГ. Во основниот идеен проект беа истакнати детектираните сериозни пречки за реализација кои благодарение на посветеноста и работата на градската администрација се надминати и со нивно отстранување се овозможува непречена реализација на овој проект“, напишаа од Град Скопје на својот Фејсбук профил.

Подготвено од М.Д.

About Author