27.11.2023 Скопје
Продажбата на електрични возила (ЕВ) во САД ќе собори рекорди оваа година, а уделот на електричните возила во вкупната продажба на нови автомобили ќе се зголеми на девет отсто од 7,2 отсто минатата година.
Според прогнозата на агенцијата Атлас, повеќе од еден милион електрични автомобили оваа година за прв пат ќе бидат продадени во САД, веројатно меѓу 1,3 и 1,4 милиони возила.
Продажбата на ЕВ во САД се зголеми првенствено поради падот на цените.
Компанијата Тесла, актуелниот лидер на пазарот на електрични возила, неколку пати во текот на годината ги намали цените на своите популарни возила. Ова ги принуди другите производители на автомобили да се обидат да го задржат и да ги намалат цените. Автомобилските компании, исто така, сега нудат поголеми стимулации за нивните електрични модели, а дилерите нудат сè поголеми попусти.
Во овој сегмент, САД сè уште заостануваат зад земјите како Кина, Германија или Норвешка.
Уделот на електрични возила со батерии и хибриди во сите нови возила продадени во Кина во првите шест месеци од 2023 година изнесува 33 отсто, во Германија 35 отсто, а во Норвешка 90 отсто.
Подготвено од А.Ѓ.