23.11.2023 Скопје
Осми мај е денот кога Република Северна Македонија ќе оди на претседателски и парламентарни избори. Во текот на следниот месец ќе се официјализира датумот.
Откако дури и коалициониот партнер ДУИ порача дека се за заеднички избори, ставот го промени и лидерот на СДСМ.
Премиерот Ковачевски порача дека во декември ќе има лидерска во Собранието, каде ќе биде официјализиран датумот за избори, во мај наредната година.
„Планирам некаде во текот на наредниот период, бидејќи декември нуди таква можност да се одржи една средба во Собранието, на која што ќе можеме да ги дефинираме сите детали во однос на одржувањето на изборите, така како што се правело во минатото ќе биде направено и сега. И идната година Република Северна Македонија ќе оди на избори, како што е пропишано со закон и со Устав“, изјави Ковачевски.
Премиерот Ковачевски се уште не знае дали на парламентарните избори ќе се оди со заеднички листи и дали ќе имаат заеднички кандидат за претседател со ДУИ. Тоа ќе се знае дури кога партиите ќе донесат конечна одлука.
Подготвено од М.Д.