29.11.2023 Скопје
Во Италија, околу 40 отсто од автомобилите што се движат по патиштата во оваа земја се постари од 15 години, според автомобилската асоцијација ACI и Фондацијата Караколо.
Во соопштението е оценето дека толку голем број стари возила во сообраќајот претставува проблем за безбедноста и животната средина.
Ако сите автомобили на италијанските патишта имаа нови безбедносни технологии, во изминатите 10 години ќе имаше 28 отсто помалку фронтални судири и 21 отсто помалку странични судири, како и 11 отсто помалку несреќи во кои учествуваа пешаци, се наведува во соопштението.
Електричните автомобили се „сè уште луксуз за голем број луѓе“, бидејќи само 14 отсто од анкетираните планираат да купат електрично возило во следните 10 години.
Подготвено од А.Ѓ.