07.11.2023 Скопје
Катедрата за геофизика на Природно-математичкиот факултет во Загреб соопшти дека на мареографската станица во Бакру во неделата е забележан водостојот кој го надминал средното ниво на морето за 121,7 см, што е трета највисока вредност регистрирана на таа станица од нејзиното формирање во 1929 година.
Слични, екстремно високи водостои на морето, кои резултираа со поплавување на крајбрежјето, беа забележани и пред девет дена, пред пет дена, како и пред два дена, така што ова е веќе четврти екстремно висок водостој во ред.
Ваквото високо ниво на морето најпрво може да се поврзе со порастот на морското ниво поврзано со дејството на низок воздушен притисок и бурните јужни ветрови, плимните осцилации и порастот на нивото на морето поврзани со климатските промени.
На важноста на климатските промени укажува и фактот што во Бакру во последните единаесет години се регистрирани три рекордни нивоа на вода, па освен недела, двете највисоки вредности се забележани во 2018 година (127 см) и 2012 година (122 см).
Подготвено од М.Д.